Билни рецепти во терапија на висок крвен притисок

Билни рецепти во терапија на висок крвен притисок


Total Shares 0

Една супена лажица ситно исечкан лист од маслина, лист од маточина и лист од имела да се стават во 7 дeцилитри зовриена вода. Се поклопува и се остава да отстои 2 часа, се процедува и се пие по 2 дл. во наредните шест дена пред појадокот, ручекот и вечерата.

Се зема по една супена лажица ситно исечкан лист од диво нане, лист и цвет од црвен кантарион, листови од маслинка и цвет од домашен каранфил кој мириса. Сето тоа се става во 7 дл. зовриена вода. Се поклопува и се остава да отстои 2 часа, се процедува и се пие по 2 дл. во наредните шест дена пред појадокот, ручекот и вечерата.

Две супени лажици ситно исечкан лист и цвет од кантарион и една супена лажица ситно исечкан лист од маслинка се става во 7 дл. зовриена вода. Се поклопува и се остава да отстои 2 часа, се процедува и се пие по 2 дл. во наредните шест дена пред појадокот, ручекот и вечерата.

По една супена лажица ситно исечкан лист од маслинка, листови од коњски опаш и листови и дршки од имела, од крушка или топола. Сето тоа се става во 7 дл. зовриена вода. Откако чајот ќе се олади и процеди се пие по 2 дл. во наредните шест дена пред појадокот, ручекот и вечерата.

Првите два дена заедно со појадокот, ручекот и вечерата се земаат по две чешниња лук. Другите два дена по три чешниња, а третите два дена повторно по две чешниња лук. По тоа се прави пауза од четири дена, па повторно се продолжува со уште една доза. Меѓутоа, бидејќи лукот има многу специфичен мирис доколку не сакате од устата да ви се шири неговиот опоен мирис, на крајот на секој оброк, по задолжителното миење заби, испијте два децилитра млеко или џвакајте една кафена лажичка сомелено кафе.

Доколку поради високиот крвен притисок имате главоболка:
Во 7 дл. зовриена вода се става по една супена лажица ситно исечкан лист од маслинка, листови рузмарин, цветови и листови или зрели плодови од миродија и листови маточина. Мешавината поклопена треба да отстои 2 часа, потоа се процедува и се пие по 2 дл. во наредните шест дена пред појадокот, ручекот и вечерата.

Лук во терапија на хипертензија
– 350 гр. исецкан лук да се прелие со 300 гр. 96% алкохол, да се остави да стои 10 дена, па добро да се исцеди и да се пие – првиот ден 1 капка, а потоа до 15 дена се додава по една капка повеќе, а потоа по 1 капка се намалува, додека не се дојде на 1 капка. Додека крвниот притисок не се намали доволно, постапката се повторува. Краток период дневно може да се земаат и по 25 капки.
– Да се сомелат 3 цели лимони и очистени чешниња од 4 главици лук и да се стават во литар вода да преноќат, па следното утро да се загрее и веднаш штом се појави пена да се тргне од шпоретот. Се остава да преноќи, а потоа се пасира, процедува и се става во шишиња, па така од приготвениот сок секое утро, а по потреба и навечер, пред јадење се зема по 1 лажица. Се препорачува секојдневно да се јадат по 2-3 чешниња лук.

При хипертензија, потребни се промени во навиките на исхрана. Се препорачува што повеќе лук, обична зелена салата (што помлада) и домат, но без сол. Треба да се јаде леб од мешавина на пченица, јачмен, пченка и ‘рж. Со пушењето треба да се престане, алкохолот да се сведе на минимум, да се избегнува запржена храна, конзервирани производи, и да се премине на исхрана со што помалку сол.

Total Shares 0

Leave a Comment

Сподели мислење


Каноил 7% CBD маслото од коноп

Каноил 7% CBD маслото од коноп

БЕШЕ 2,790MKD 2,490MKD

Билни капки од лук

Билни капки од лук

БЕШЕ 140MKD 120MKD

Л-Карнитин 500

Л-Карнитин 500

БЕШЕ 295MKD 280MKD

Витамин К

Витамин К

БЕШЕ 800MKD 750MKD

Биобрен/МГН-3

Биобрен/МГН-3

БЕШЕ 3,000MKD 2,750MKD

HEMANI- Крем на база на црно семе

HEMANI- Крем на база на црно семе

БЕШЕ 135MKD 110MKD

Frezyderm Rectanal Аid

Frezyderm Rectanal Аid

БЕШЕ 310MKD 280MKD

EVELINE Hand & Nail Therapy

EVELINE Hand & Nail Therapy

БЕШЕ 135MKD 115MKD