Ѓумбир

Ѓумбир


Ѓумбирот е тропско зачинско растение кое достигнува висина од 100-150 cm.Листовите му се долги и копиевидни поради што наликува на трска. Растението расте и достигнува висина и до 1 метар, а корените му се дебели како прст, долги 20 cm и се многу ароматични. Цветовите му се бели, жолти или розови во зависност од видот. Аромата на корените е многу пријатна со мирис на лимон, а вкусот е слаткасто пикантен и многу свеж. Содржи 1-2 % етерични масла кои се состојат од около 60 % зингиберен изингерол,потоа камфен, феландреан, цинеол, борнеол, цитрал и сесквитерпен.

Ѓумбирот е многу вкусен па се користи како додаток во храната, тортите, пивото, ликерот…

ЛЕКОВИТО СВОЈСТВО НА ЃУМБИРОТ

Се користи против воспаление, се става како облога на отечено место, против грчеви, намалува болка кај мускулните и коскените проблеми, се користи како превентива против настинка и смирување на кашлица, зајакнување на имунитетот, ја подобрува крвната циркулација, го спречува создавањето на тромб и е ефикасен лек против мигрена и грип. Ѓумбирот исто така ја подобрува меморијата, делува како благ афродизијак, ја намалува мачнината при бременоста без негативни ефекти. Антисептик е и ги уништува микроорганизмите, се користи против исцрпеност и замор затоа што се крева енергијата во телото. Ѓумбирот содржи супстанции кои го забрзуваат метаболизмот, помага разградување на месото и млекото во организмот. Тој е моќен антиоксидант кој ја стимулира функцијата на црниот дроб и е одличен за детоксикација на телото.

Чајот од ѓумбир е мнгоу добар за желудични проблеми, Ѓумбирот е ефикасно средство за намалување на холестеролот во крвта ја намалува болката и се користи при ревматски проблеми и го зголемува бројот и подвижноста на сперматозоидите.

Ѓумбирот нема штетно влијание.

Leave a Comment

Сподели мислење


Билни капки Сремуш

Билни капки Сремуш

БЕШЕ 480MKD 420MKD

Neurozan

Neurozan

БЕШЕ 990MKD 760MKD

Дуовит за жени

Дуовит за жени

БЕШЕ 310MKD 270MKD

Vigorix

Vigorix

БЕШЕ 290MKD 230MKD

Нем капсули

Нем капсули

БЕШЕ 690MKD 570MKD

Glizigen spray 60 ml

Glizigen spray 60 ml

БЕШЕ 699MKD 650MKD

SUPER DIET VIVA FLORE

SUPER DIET VIVA FLORE

БЕШЕ 1,590MKD 1,400MKD

ESI Melatonin Pura  3 mg

ESI Melatonin Pura 3 mg

БЕШЕ 195MKD 125MKD