Додатоци во исхраната Производ ID: #3055


Bilobil forte



Количина:

> На залиха и спремно за испорака!


Информација за производот:

Капсули Ginko bilibae folii extractum siccum Состав Една капсула содржи 80 mg стандардизиран сув екстракт од листот на гинко ( Ginko bilobaefolii extractum siccum) со најмалку 19,2 mg гинкго флавоно гликозиди и 4,8 mg терпенски лактони (гинколиди, билобалиди). Помошни супстанции : лактоза монохидрат, безводен колоиден силикагел, пченкарен скроб, магнесиум стеарат, талк. Состав на надворешната обвивка […]

Опис на производ

Капсули
Ginko bilibae folii extractum siccum

Состав
Една капсула содржи 80 mg стандардизиран сув екстракт од листот на гинко ( Ginko bilobaefolii extractum siccum) со најмалку 19,2 mg гинкго флавоно гликозиди и 4,8 mg терпенски лактони (гинколиди, билобалиди).
Помошни супстанции : лактоза монохидрат, безводен колоиден силикагел, пченкарен скроб, магнесиум стеарат, талк.
Состав на надворешната обвивка на капсулата: метилпарахидроксибензаат (Е218), пропил парахидроксибензаат (Е216), желатин, црна боја PN (Е151), сина боја V (Е131), црвена боја 4R (Е124), портокалова боја FCF (Е11о), титанов диоксид (Е171).

Дејство
Активната супстанција во Билобил форте капсулите е стандардизиран екстракт од листовите од кинеското дрво Гинкго билоба.Делувајќи на реолошките својства на крвта и забрзувајќи го нејзиниот проток, гинго ја подобрува циркулацијата, односно го подобрува протокот на крв во мозокот, рацете и нозете. На тој начин се зголемува снабдувањето на ткивата со кислород и се ублажуваат пречките и знаците за слаба и недоволна циркулација. Ефектот на Билобил форте капсулите се манифестира на циркулацијата на мозокот со подобрување на ослабените мозочни функции и на намалување на придружните тешкотии, како што се вртоглавица, зуење во ушите, главоболка, ослабено памтење, несоница, нерасположеност и чуство на страв. Го подобрува слухот при ослабена циркулација во вертебралниот дел од рбетот. Ефикасноста на препаратот е клинички докажана.
Гинкго ги ублажува губењето на осетот, трпките, грчевите, малаксаноста и чуството на студ и печење, како и други знаци на ослабена циркулација во рацете и нозете. Кај болни со недоволна циркулација во нозете, значително ја продолжува можноста за подолго одење.

Употреба
Билобил форте капсулите се препорачуваат при пореметена мозочна циркулација и функција (синдром на деменција при примарна дегенеративна деменција, при васкуларна деменција или при комбинирана форма од двете), а се манифестира како:
• Намалено помнење и намален интелектуален капацитет
• Нерасположеност и чуство на страв
• Вртоглавица
• Зуење во ушите
• Главоболка и несоница
И при почетни пореметувања на периферна циркулација.

Дозирање и начин на употреба
За капсулите Билобил форте се препорачува следниот режим на дозирање:
• Пореметувања во мозочната циркулација и функција
1 капсула 2 до 3 пати на ден
• Вртоглавица и тинитус
2 капсули на ден, 1 наутро и 1 навечер
• Пореметена циркулација во екстремитетите
2 капсули на ден, 1 наутро и 1 навечер
Капсулите треба да се проголтаат со малку течност.
Првите знаци на подобрување обично се регистрираат веќе после 1 месец третман. За постигнување на долготрајни ефекти, препорачливо е (особено кај постарите особи) капсулите да се земаат најмалку 3 месеци. После три месеци, пациентот треба да го консултира сволот доктор или фармацевт за потребата од продолжување на третманот.
Деца : сигурноста и ефикасноста на препаратот кај деца под 18 години не е утврдена
Предозирање : до сега не се регистрирани случаи на интоксикација со гинкго билоба. Во случај на предозирање веднаш да се консултира доктор или фармацевт.

Контраиндикации
Преосетливост на супстанциите на екстрактот од гинкго билоба или кон било кој друга составна компонента на препаратот.
Употребата на Билобил форте капсулите не се препорачува кај деца, бидејќи нема оправдани причини за употреба на екстракт од гинко кај деца.

Несакани дејства
Најчесто гинкго билоба многу добро се поднесува од страна на пациентите. Несаканите дејства се ретки и обично имаат транзиторен карактер, а може да се јават вовид на главоболка, стомачна болка, вртоглавица, палпитации и кожни алергиски реакции. Несаканите дејства се јавуваат ка приближно 0,5% од пациентите.

Предупредување и мерки на претпазливост
Преосетливи особи, капсулите Билобил форте не треба да фи употребуваат.
Употребата на капсулите Билобил форте не се препорачува за употреба кај деца, бидејќи кај оваа возрасна популација нема причина за употреба на екстракт од гинкго билоба.
Предупредувања во врска со ексципиенсите
Азо-боите Е110, Е124, Е151 можат да предизвикаат алергиски реакции вклучувајќи и знаци за анафилактички реакции и бронхоспазам кај осетливи особи, посебно кај пациенти со историја на асма или алергија.Доколку се јават вакви алергиски реакции, пациентот треба да прекине со употребата на Билобил форте капсулите.
За парахидроксибензоатите е познато дека можат да предизвикуваат уртикарија. Најчесто тие предизвикуваат одложен тип на реакции како што е контактниот дерматитис. Поретко може да предизвикаат брзи алергиски реакции со уртикарија и бронхоспазам.
Една капсула содржи 132 mg лактоза. Препаратот не се препорачува за особи со дефицит на ензимот лактоза, со галактоземија или со гликоза/галактозен синдром на малабсорпција.

Бременост и доење
Безбедноста на гинкго билоба во текот на бременоста не е утврдена, поради што не се препорачува негова употреба во текот на бременоста и периодот на лактација.

Интеракции
Екстрактот од гинкго билоба не треба да се употребува заедно со антикоагуланси како што се аспирин (ацетил салицилна киселина), хепарин, варфарин или деривати на кумарин, бидејќи може да го потенцира нивното дејство ида предизвика крварења.Екстракт од гинкго билоба може да интерферира со коагулација на крвта, поради што пред хирушка интерфенција треба да се прекине со терапија со овој препарат во период од 2-3 недели.


Прегледи на производи

Сподели мислење


Ексодерил раствор за кожа

Ексодерил раствор за кожа

БЕШЕ 290MKD 240MKD

Овошен чај брусница

Овошен чај брусница

БЕШЕ 130MKD 90MKD

Билни капки Сремуш

Билни капки Сремуш

БЕШЕ 480MKD 420MKD

Neurozan

Neurozan

БЕШЕ 990MKD 760MKD

Дуовит за жени

Дуовит за жени

БЕШЕ 310MKD 270MKD

Vigorix

Vigorix

БЕШЕ 290MKD 230MKD

Нем капсули

Нем капсули

БЕШЕ 690MKD 570MKD

Glizigen spray 60 ml

Glizigen spray 60 ml

БЕШЕ 699MKD 650MKD